Што можат претприемачите да научат од маратонците?

40

maraton

Фото: Pixabay

Без разлика дали спортувате од време на време или сте зависник од адреналин, тренингот има неколку универзални елементи: волја да се започне, болка, мотивација да се продолжи понатаму. Иако на прв поглед не изгледа така, претприемачите можат многу да научат од тркачите, од нивната посветеност, волја и упорност. Еве неколку лекции од маратонците што претприемачите треба да ги искористат кога почнуваат со бизнис:

Покажете самодоверба

Добриот тренинг и искуство ќе ви дадат самодоверба која е многу потребна во бизнисот. Како сопственици, мора постојано да имате на ум дека тренингот ве подготвува за успех. Размислете што се сте направиле во рамки на тренингот и застанете на стартната линија со самодоверба.

Упорноста се исплати

Сигурно сте имале сопки во бизнисот, неуспеси и луѓе кои не верувале во вас. Продолжете да работите. Продолжете да трчате. Сета мака ќе ја направи победата послатка.

Поставете си цели

Не се сите денови исти. Некогаш трчате со леснотија, некогаш нозете ви се како од олово. Затоа поставете си цели – цел што можете да ја истрчате, реална цел и цел што ќе ја истрчате во случај да се појави нешто што не е под ваша контрола. Исто како во трките, и во бизнисот има непредвидливи фактори. Ако имате поставено цели, ќе се чувствувате добро без да дозволите попречувањата да влијаат на вашата самодоверба.

Визуелизирајте го успехот

Кај тркачите помага кога се визуелизира успехот. Замислувајте се како поминувате преку линијата за финиш. Визуелизацијата е екстремно моќен мотиватор, но не е ограничена само на маратонците. Можат да ја применуваат и бизнисмените. Што и да е вашата крајна цел, замислувајте си како би изгледало кога ќе ја достигнете во реалноста.

Анализирајте ги перформансите

Со помош на технологијата, тркачите можат да ги следат своите перформанси и потоа можат да работат на нив за да се подобрат. Кога ќе постигнете нешто во успехот, присетете се како сте стигнале до таму. Што ве направило успешни? Во кој дел можете да се подобрите?

Нема сомнение дека е потребна цврска одлучност и самодоворба за да се стигне до целта. Со максимизирање на тренингот, се ставате во позиција да успеете, знаејќи дека сте дале се од себе. Резултатот? Ќе нема за што да жалите – можеби најголемата победа од се.