Што може да добиете од изгубеното време

83

lost

Фото: Pexels

Живеејќи во свет каде постојано сме поврзани преку технологија и секогаш го споредуваме нашиот успех со тоа што постигнале другите луѓе, може да предизвика чувство на изолација и впечаток дека немате никаква цел. Најразлични ситуации во кариерата (добивање отказ, губење на некаков проект, нереализирани идеи) прават да се чувствувате изгубено. Но, “изгубеноста“ може да биде добра работа. Ако паметно го користите вашето изгубено време, наскоро би можеле да се вратите во убавиот период на личен развој со помош на овие неколку совети.

Слобода за избор на кариера

Ако стоите на крстопат за избор на кариера и не знаете во која насока да се движите не чувствувајте притисок да одлучувате веднаш. Уживајте во процесот на избор на кариера. Ова време сметајте го како време посветено за експериментирање и реална шанса да пробате голем број на можности кои можеби не сте имале да ги разгледате претходно.

Истражување нови работи

Кога во вас владее чувство на изгубеност, не заборавајте дека продуктивноста може во голема мера да ви помогне во совладување на ситуацијата. Најдобар начин да ја поттикнете продуктивноста е да ја “разгорите“ љубопитноста кон работите што ве интересираат. Појдете на патување или посветете се на хобито кое сте го занемариле. Кога ќе го трошите вашето време на позитивни и здрави навики ќе забележите големи промени во расположението и пристапот кон животот.

Забава

Ќе излезете од состојбата на изгубеност, работите ќе се стабилизираат, а вие ќе се запрашате зошто не сте направиле нешто повеќе во изминатиот период за којшто сте мислеле дека е изгубен. Запомнете, тоа време ви нуди низа можности кога може да направите многу промени, да експериментирате и доживеете различни искуства.