
Анализирајќи ги цените на прехранбените производи на светските берзи во последната година, истражувањето на агенцијата Пиксел покажа дека најмногу поскапел шеќерот за 46,3 отсто, потоа какаото со 45,9 отсто, компирот е поскап за 11,9 отсто, a лососот за 10,2 отсто.
Останатите производи забележаа пад на цените во изминатите 365 дена, главно поради тоа што во периодот пред тоа имаа нереално висок раст. Така, цената на пченицата е намалена за 37,2 отсто, сончогледовото масло за 34,9 отсто, а на кафето за 32,1 отсто.
Цената на пченката на светските берзи за една година паднала за 28,6 отсто, говедското месо за 15,4 отсто, пилешкото за 13,6 отсто, а сојата, оризот, млекото и чајот за нешто помалку од 10 отсто.
Како што пренесува порталот „Пословни“, откупот на американска и француска пченица од Кина дава важна поддршка на глобалниот пазар на жито.
Аналитичарите очекуваат дека енергетската криза, политичката нестабилност во Источна Европа како и на Блискиот Исток, заедно со климатските промени, ќе продолжат да ги придвижуваат цените на земјоделските производи.











