Што најмногу ви пречи кај колегите?

28

Фото: Pixabay

Со колегите поминуваме една третина од денот, па нормално е за тоа време да воочиме какви се како работници, каков карактер имаат, кои добри особини ги поседуваат, но и што ни пречи во нивното однесување.

Хрватскиот портал Mojposao спроведе истражување под името Пристојност на работното место, во чии рамки се вклучени повеќе од 700 испитаници.

Кога станува збор за иритирачки навики на колегите, на испитаниците најмногу им пречат таканаречените “дрдорковци“. Вкупно 52% од нив велат дека нивниот колега премногу зборува, а секој трет колега води гласни приватни телефонски разговори.

Истражувањето покажува дека три четвртини од испитаниците барем еднаш влегле во тоалет во којшто некој претходно направил и оставил “неред“. Исто така, секој четврти испитаник имал искуство некој од колегите да му ја изедат храната што тој си ја понел од дома.

Меѓу другите лоши навики на колегите се споменуваат и:

  • Непочитување на организација на работата и лажење дека нешто е многу итно, иако не е.
  • Спиење на работното место
  • Озборување и “забодување нож в грб“
  • Готвење храна со силен и непријатен мирис во кујната во канцеларија, додека трае работното време

Меѓу другото, истражувањето покажува и дека вработените во мали компании или институции (до 19 вработени) имаат помалку проблеми со непристојните колеги. Скоро половина од испитаниците кои работат во мали компании однесувањето со колегите го оценуваат до 4 или 5, додека за такви високи оценки се одлучуваат 40% од вработените во средни компании (од 20 до 199 вработени) и 38% од вработените во големите компании (над 200 вработени).