Што не смее да содржи вашата биографија?

99

laptop

Фото: Pixabay

Пред да ја испратите вашата биографија на посакуваниот работодавач, осигурајте се дека не ги содржи следниве работи:

Нерелевантно работно искуство

Она што треба да го вклучите во биографијата е искуство, односно вештини коишто можат да бидат од корист за работното место што го посакувате. Во спротивно само се губи време и се оттргнува фокусот од важните работи.

Хоби

Освен ако не придонесува за работата на некој начин, тоа што го правите во слободното време не ги интересира работодавачите.

Лични заменки

Зборовите како “јас, мое, моето” не треба да бидат вклучени во биографијата. Секој знае дека станува збор за вас и вашите знаења и искуства. Одбегнувајте користење на прво и трето лице еднина.

Непрофесионална имејл адреса

Воопшто нема да изгледа професионално ако вашата имејл адреса се состои од прекари, сленгови, животни и предмети во разни комбинации што не доликуваат на сериозна личност која сака да биде вработена. Држете се до името, презимето или комбинации што се вклопуваат во рамката на еден корпоративен мејл.

Ваши моментални бизнис контакти

Не само што е опасно, туку е и премногу наивно да ја дадете вашата службена имејл адреса или телефонски број како контакт во биографијата. Сигурно не сакате да останете без работа пред да бидете сигурни дека сте нашле нова.

Информации за плата

Воопшто не е паметно ниту професионално да споменувате било каква сума во биографијата. Ниту таа што сте ја земале (ја земате), ниту посакуваната бројка што сакате да ја добиете од новото работно место.

Причини зошто сте дале отказ

Во биографијата не треба да ги наведувате причините зошто повеќе не работите каде што сте работеле. На ова прашање ќе одговорите доколку ви биде поставено на интервјуто.