Што не смеете да кажете кога преговарате за плата

25

evra

Фото: Pexels

Без разлика дали прифаќате нова работа или сакате да добиете зголемување на моменталната плата, уметноста на преговори е клучна вештина за ваш развој. Ако сакате да ги зголемите шансите да ја добиете платата што ја заслужувате, треба добро да се подготвите пред да започнат преговорите со претпоставениот. Успешните луѓе знаат како да соочат со оваа стресна ситуација, а неуспешните се саботираат себе си кажувајќи погрешни работи.

Според Business Insider, овие зборови и фрази никако не смеете да ги употребите кога ќе седнете да преговарате:

Ја прифаќам понудата (првата понуда)

Запомнете, тоа се преговори, затоа бидете внимателни да не завршите пред да имате шанса да започнете.

Барате одреден износ

Никогаш не ја кажувајте сумата, тоа е ужасна стратегија. Оставете простор за дискусија. Добра преговарачка стратегија е да го оставите работодавачот да ја каже сумата, тоа ќе ве стави во позиција да видите колку може да ви даде. Но внимавајте, никогаш не смеете да речете “Дали само толку ми нудите?”. Со тоа само ќе го навредите работодавачот.

Имам други понуди

Дури и да е точно, не употребувајте ја оваа карта за да извршите притисок врз работадавачот. Тој може да побара од вас да конкретизирате за каква понуда станува збор, а ако блефирате може да се ставите во тесно.

Ова е моја конечна понуда

Оваа фраза звучи заканувачки и со тоа ќе ги зацементирате преговорите. Во преговорите мора да бидете флексибилни.

Мразам што морам да ве прашам ова

Точно е дека барањето поголема плата не лесно, но лошо ќе ги започнете преговорите ако ја употребите оваа фраза.

Вредам многу повеќе

Секако дека сакате да ја нагласите вашата вредност, но обидете се да го кажете тоа на начин кој не е толку арогантен. Не користете озборување кога преговарате и не се споредувајте со другите. Тоа ве прави непрофесионални. Секако дека е добро да направите истражување околу висината на платите, но не го споменувајте тоа на преговарачката маса.