Што не смеете да му кажете на шефот, дури и ако сте пријатели

46

razgovor

Фото: Pexels

Градењето на добар однос со вашиот шеф може да биде одлично, бидејќи така се создава попријатна работна атмосфера. Може да се чувствувате толку блиски и да го поканите на вашата венчавка, но сепак важно е да запаметите дека тој е вашиот претпоставен и има линии кои не треба да ги преминете. Иако имате изградено пријателски однос, сепак постојат работи што не смеете да ги кажете на вашиот шеф.

Тоа е невозможно

Вашиот претпоставен не сака да слушне негативност или недостаток на убедување. Ако постои проблем, укажете и побарајте помош.

Укажување на грешка и критикување

Отвореното критикување или посочување на грешка на вашиот шеф, дури и ако сте пријатели е удар за егото и сигурен начин дека во иднина ќе бидете игнорирани на состаноците. Ако мислите дека вашиот шеф направил грешка, постојат подобри начини за посочување. Може да речете: “Може да сум погрешно информиран/а, но имам впечаток дека…“.

Тоа не е дел од мојата работа

Описот на работното место никогаш не е зацементиран. Од вас се очекува да бидете флексибилни и да му помогнете на шефот во работните задачи. Ако кажете дека не сте подготвени да преземете некоја обврска, тоа ќе се протолкува дека не сте подготвени да соработувате за успехот на компанијата.

Ќе си заминам порано

Само затоа што сте пријатели со шефот, не значи дека може да си заминете порано. Секогаш барајте дозвола и обратете се љубезно. Прашајте дали е во ред да земете слободен ден или да си заминете порано.

Кој е мојот бенефит

Понекогаш вашата работа вклучува и помагање на други сектори. Шефовите немаат толеранција кон нетимските играчи. Не кажувајте ги на шефот проблемите без да посочите потенцијални решенија.

Здодевно е

Досадата не ја споделувајте со вашиот шеф, бидејќи платени сте да бидете продуктивни. Останете ентузијасти и потрудете се да ја направите вашата работа поинтересна.

Што ќе правиме викендов

Планирање на дружба со шефот е добро, но би требало да бидете подискретни. Никогаш не зборувајте за заедничките планови пред цела канцеларија, бидејќи може да предизвикате љубомора кај колегите и обвинување за посебен третман.