Што не треба да кажете кога прв пат запознавате некого

26

business-meeting-1238188_960_720

Фото: Pixabay

Без разлика дали станува збор за деловен или приватен состанок, одредени работи не би требало да ги кажете на соговорник што прв пат го запознавате.

Не смеете да зборувате лоши работи за компанијата

Што и да се случило на работа, првиот состанок со некој не смее да биде оптоварен со критики за работното место и колегите. Колку и да сакате да го обелодените тоа, воздржете се. Сепак, личноста ја среќавате за прв пат.

Не треба да поставувате премногу лични прашања

Би било по малку и навредливо ако на првата средба сакате да дознаете сè за соговорникот. Оставете ги личните прашања за понатаму. Дозволете прво познанството да прерасне во блиска соработка или пријателство.

Воздржете се од наметнување на мислење

Можете да кажете што мислите во врска со темата на разговор, но во ниеден случај не се обидувајте да го наметнете вашиот став. На тој начин ќе изгледате надмено и претенциозно.

Не спомнувајте политика, религија и други осетливи теми

Има многу други работи за коишто можете “безболно“ да дискутирате. Сето она што може да навреди, повреди или разгневи некого не треба воопшто да се споменува.

Не барајте услуга

Би било малку недолично да побарате услуга од некој кој сте го запознале истиот ден. Без разлика за што станува збор, едноставно не е културно да барате од таа личност да направи нешто за вас. Ќе има време и место за тоа.