Што (не)треба да правите кога презентирате бизнис идеја пред инвеститори

80

Презентација на бизнис идеја пред инвеститори е одлична шанса за стартување или поддршка на бизнис, старт – ап. Затоа исклучително е важно како ќе ја спроведете презентацијата, што ќе вклучите во неа и како каква комуникација ќе воспоставите пред бизнис ангелите.

Што (не) треба да правите за време на pitching во продолжение:

  • Ако не можете во 20-тина збора да објасните што вашиот старт – ап прави, тогаш не ни можете да имате презентација на идејата. Треба сето тоа да биде концизно и кратко “спакувано“ и секако разбирливо за сите.
  • Доколку е можно добро истражете ги преференциите и портфолијата на инвеститорите. Така полесно ќе ја прилагодите презентацијата.
  • Не преминувајте веднаш на средината/целта, поставете основа со којашто ќе ги заинтересирате слушателите за вашата приказна.
  • Не се потпирајте на комплицирано видео или нешто слично, немате време. Тоа нека биде нешто едноставно, кратко и јасно. Понекогаш доволен е и еден слајд.
  • Ако не знаете одговор на некое прашање, не претпоставувајте.
  • Не ветувајте повеќе отколку што можете да исполните. Фокусирајте само на она што сигурно ќе можете да го остварите.
  • Освен ако не сте извршиле длабинска анализа, не презентирајте бројки и статистика за било што.
  • Внимателно слушајте го прашањето од инвеститорите и кажете го тоа што се бара од вас.
  • Говорот на телото е исто така важен. На вашето лице треба да има насмевка, а во движењата страст за тоа што го правите.
  • Не подлегнувајте на расправија и не враќајте на прашањата со прашања. Поентата не е во тоа да им  докажете дека грешат, туку да ги убедите дека преку едукација вашата идеја и нив ќе им донесе успех.

Фото:Pixabay