Што (не)знаеме за електричната енергија?

755

Денес е невозможно да си го замислиме животот без електрична енергија. Од домашните уреди, па  до електрични возила… таа е секојдневие на сите.

Но, што всушност знаеме за неа? Еве неколку интересни факти.

Електричната енергија не е измислена, туку откриена. Тоа значи дека таа постоела во природата, а човекот само случајно ја открил.

Бенџамин Френклин не ја открил струјата, како што многумина велат. Тој само спроведувал серија на експерименти коишто помогнале само да се воспостави врска помеѓу електричната енергија и молњата.

Една фабрика за природен гас може да обезбеди енергија за 220.000 домови.

Струјата патува со брзина на светлината. Изразено во бројки тоа изнесува 300.000 километри во секунда.

Една молња достигнува температура од речиси 30.000 степени Целзусови.

Првата електрана, којашто ја поседувал Томас Едисон, била отворена во 1882 година во Њујорк.

Јагленот е најголем извор за производство на електрична енергија во светот.

Сијалицата е еден од најдобрите изуми на човештвото. Може безбедно да се користи, а токму затоа уште од почетокот истата масовно се произведува и користи.

Статичкиот електрицитет се случува кога се тријат две работи една од друга. На пример, кога балонот го триеме за коса или облека тој се лепи за нашето тело.

Фото: Pixabay