Што ни носи членството во СЕПА?

Македонија официјално стана дел од СЕПА – Единствената област за плаќање во евра, со што на граѓаните и бизнисите им се отвора можност за побрзи, поедноставни и поевтини трансакции. Парите од странство ќе стигнуваат побрзо, без дополнителни трошоци и бирократски пречки, а плаќањата во евра ќе бидат речиси како домашни трансакции.

 „Влезот во СЕПА (Единствената област за плаќања во евра) ќе овозможи побрзи и поевтини плаќања во двете насоки, како за одливи, така и за приливи. Притоа, Народната банка веќе презема активности за олеснување на извршувањето и на приливните плаќања, вклучувајќи ги и приливите врз основа на доход којшто се остварува во странство. Во таа смисла, се предвидува приливите од странство да му се ставаат на располагање на платежната сметка на примачот веднаш, а најдоцна следниот работен ден, без приложување документи за причината на приливот кај најголемиот дел од приливите од странство, со исклучок на одредени приливи поврзани со капиталните трансакции за коишто се предвидени законски ограничувања до влезот на земјата во Европската Унија.”

Што ни носи членството во СЕПА?

Стандардизираност – Прекуграничните плаќања во евра ќе се извршуваат според истите правила како и за граѓаните и компаниите во ЕУ.

Можно е да е слика од мапа и текст кој вели „SEPA Single SingleEuroPaymentsArea SingleEuroP Euro Payments Area Стандардизираност йрекуёраничнийе илакана во евра се извршуваай นิง истите стандарди како и за a ёрасаните и комианиише во Ey“
Ефикасност – Брзи прекугранични плаќања во евра во текот на истиот или најдоцна следниот работен ден, за што ќе бидат потребни само 4 податоци: сметката на испраќачот, сметката на примателот, износот и кратко објаснување за основата на плаќањето.
Пониски трошоци – Значително намалување на трошоците на банките за извршување на плаќањата, а со тоа и намалување на надоместоците на банките за клиентите.
Автоматизираност – Примена на напредни технологии и иновации кои овозможуваат ефикасност, сигурност и подобро корисничко искуство.
Придобивки кои значат полесно, побрзо и поевтино прекугранично плаќање во евра за сите!