Што никогаш не смеете да им кажете на вашите претпоставени

27

crveno-svetlo-pixabay

Фото: Pixabay

Можеби ќе има моменти кога ќе посакате да викате, обвинувате и покажете со прст кон некого. Сепак, постојат неколку реченици и фрази што не треба да ги кажете пред шефовите на работа.

Не сте во право

И да е тоа така, не смеете на овој начин да го соопштите тоа.

Не можам

Иако мислите дека не можете, не го кажувајте тоа на претпоставениот. Никој не сака да чуе дека веднаш се откажувате.

Тоа не е дел од мојата работа

Ако претпоставениот ви дал задача, ќе ја завршите.

Не знам

Не знам исто како не можам не е омилена фраза што некој шеф сака да ја чуе од вработените. Ако не знаете ќе се обидете да дознаете.

Не сум доволно платен/а за тоа

Оваа фраза покажува дрскост. Ако не сте задоволни од платата има многу подобри начини да дискутирате за тоа со претпоставените.

Што ќе добијам јас од тоа?

Не размислувајте веднаш на добивката, со тоа ќе дадете впечаток дека мислите само на себе.

Тоа не е она што јас го слушнав

Оставете шефот да се докаже, а потоа на смирен начин соопштете дека некој ви пренел можеби погрешна информација.

Направив сè што можев

Секогаш е подобро да кажете дека ќе направите уште нешто, отколку да се откажете.

Ќе дадам отказ!

Оваа закана може само да ви донесе отказ и во случај да не сте мислеле сериозно.

Претпоставив дека …

Многу подобро е кажаното да го поткрепите со факти, отколку со претпоставки.

На претходното место каде што работев…

Никој не го интересира како се однесувал претходниот работодавач или вработените.

Јас не сум виновен/на, грешката ја направи…

И да е некој друг одговорен за грешката, не смеете да го кажете тоа без негово/нејзино присуство и на непрофесионален начин.

Не можам да работам со него/неа

Колегите не можете да ги бирате. Ако не ви се допаѓаат, сведете ја комуникацијата само на разговор за работа.

Немам решение

Уште една фраза што не смеете да ја кажете пред претпоставените. Тие сакаат постојано да се трудите да дојдете до решение.

Зошто (тој/таа) го има ова, а јас не?

Не покажувајте љубомора, особено на незрел, непрофесионален начин.

Прилично сум зафатен/а. Може да почекате?

Кога шефот ќе побара нешто од вас или ќе ве повика на разговор, секоја друга работа може да почека.

Ќе бидам отсутен/на неколку дена (Утре ќе си одам порано)

Ако планирате да земете одмор или имате некоја неодложна приватна работа треба прво да разговарате со претпоставениот/та и да побарате дозвола за тоа. Не смеете да соопштите туку така дека утре нема да дојдете на работа.