Што после голем проект?

21

proekt

Фото: Pexels

Сигурно ви е познато чувството на олеснување после завршување на некој голем проект или задача. Тоа чувство знае да биде мешавина помеѓу тага и триумф. Од една страна, може да се олабавите после напорната работа, но од друга страна, тоа може да направи голема празнина во вашиот живот, празнина која се појавува поради динамиката која претходно сте ја имале.

Но кога веќе сте ја завршиле работата, сега е време кога можете да инвестирате време за вас и да направите анализа на работата што сте ја сработиле, за постигнатите резултати, но и да научите од грешките.

АНАЛИЗА

После секоја завршена работа, потребно е да направите анализа – што беше направено правилно, а што не. За да го направите тоа, ќе треба да одговорите на следниве прашања:

  • Кој беше резултатот од задачата/проектот?
  • Што е добро од тој резултат?
  • Кое е чувството од мојата инволвираност во работата?
  • Кои грешки ги направив?
  • Како делуваа тие грешки на целиот процес?
  • Како може тие грешки да не ги повторувам во иднина?
  • Кои беа добрите страни при имплементацијата, а кои лошите?
  • Кои се новите вештини што ги научив од оваа работа?
  • Што не знаев пред започнување на проектот/задачата, а требаше да го знам?

ПОДОБРУВАЊЕ

Откако ќе ја направите анализата на извршената работа, време е да го ставите сето тоа во функција на ваше подобрување. Ова е нешто што можеби не ќе можете да го направите во еден ден, но од некаде треба да се почне. Најдобро е ако дадете одговор на следниве прашања:

  • Дали за време на имплементација на проектот/задачата, ми беше пријатно или не?
  • Кои се моите бенефиции од ова?
  • Кои приватни бенефиции имам од овој проект?
  • Кои прашања останаа неодговорени?
  • Кои работи ме дефокусираа за време на извршување на задачите, а кои ме фокусираа?
  • Кои подобрувања може да ги имам во иднина?

ГОЛЕМАТА СЛИКА

Промените што ќе се случат кај вас, после завршувањето на големите проекти, се неминовни. Вашето надградување е повеќе од реално, но работата е дали ќе може да го спознаете. За да може да го увидите и понатаму имплементираното, потребен е одговор на следниве прашања:

  • Кои се промените што се случија кај вас, односно какви бевте на почетокот, а какви бевте на крајот на задачата?
  • Кои релевантни работи научивте за време на извршувањето на проектот/задачата, а се различни од она што претходно сте го знаеле?
  • Кои социјални промени се имаат случено кај вас пред и после завршувањето?
  • Како се чувствувате сега? Дали вашата моментална титула е соодветна на новите работи или не?

Како што можете да видите, секоја проект прави промени кај секој од нас. Убаво е од секоја промена да донесеме некој заклучок кој само ќе може да нè направи подобри при имплементацијата на сите следни помали или поголеми задачи/проекти.

Со успех во промените.