Што прават успешните луѓе пред спиење?

31

krevet

Фото: Pexels

Последната работа што ја правите пред заспивање во голема мера влијае на вашето расположение и нивото на енергија во текот на следниот ден. Тоа е од причина што истата таа работа одредува колку долго и колку добро ќе спиете во текот на ноќта.

Успешните луѓе знаат дека успехот започнува и завршува со сопственото ментално и физичко здравје и дека добриот сон е од клучно значење за општата добросостојба.

Затоа тие пред спиење практикуваат…

Читање книги

Читањето е едно од најчестите нешта што успешните луѓе ги прават пред да си легнат. Тоа можат да бидат книги со различна содржина и тежина, од кратки приказни до новели и филозофски теми.

Правење листа за следниот ден

За да не им лутаат недовршените задачи низ мислите додека спијат, тие прават листа на сè она што треба да се заврши наредниот ден.

Фамилијарно дружење

Поминуваат квалитетно време со партнерот, децата, домашните миленици. Разговараат за случувањата од денот што изминува и со тоа се релаксираат и опуштаат.

Кратка анализа на добрите работи

Токму пред спиење многу успешни луѓе се навраќаат на добрите случувања од денот и прават кратка анализа. Тоа им помага да се чувствуваат благодарно и позитивно, чувства кои дефинитивно помагаат за добар сон.

Планирање на сонот

Експерите советуваат дека е многу важно (доколу можете) да се будите и легнувате секој ден во исто време. Успешните луѓе тоа и го прават, алармот за будење е секогаш во исто време и практикуваат (секогаш кога можат) да заспиваат пред да биде доцна.

Медитирање

Доволни се само десет минути медитирање за телото да се опушти и умот да се разбистри. Затоа оние што знаат често го практикуваат овој ритуал непосредно пред да заспијат.

“Дисконектирање” од работните обврски

Нема проверување на мејлови или било што поврзано со работата. Пред да се повлечат во спалната соба, успешните луѓе ги оставаат сите работни задачи зад себе и не размислуваат за тоа што треба да го направат следниот ден.

Замислување на утрешниот успех

Тие се позитивни, па така пред да заспијат си го замислуваат успехот што ќе им го донесе денот што следува. Било да се работи за голема зделка или обична мала задача, утрешниот ден за нив е резервиран за добри нешта.