Што прават успешните луѓе во последните минути од работното време

18

saat

Фото: Pexels

Можеби последните 10 минути од вашиот работен ден ги трошите гледајќи во часовникот, броејќи ги секундите до заминување. Или ќе се “закопате“ во својата работа до последен момент и си одите без да се поздравите со вашите колеги. Ако некое од овие сценарија е својствено за вас, тогаш е време да ја преиспитате вашата рутина за крај на работното време. Важно е како ќе го завршите работниот ден, затоа што влијае на личните односи со колегите, вашата среќа, како ќе спиете и како ќе го започнете следниот ден. Успешните луѓе имаат рутина со која ги намалуваат задачите што би ги одвратиле од фокусирањето на настаните за следното утро, пишува Business Insider.

Ја надградуваат листата на обврски и ја уредуваат работната маса

Успешните луѓе секогаш внимаваат на нивната листа на обврски. Во последните 10 минути го прегледуваат напредокот на таа листа и го ревидираат конечниот список. Вашите проекти ќе чекаат долго за да се завршат доколку имате неуредна маса и десктоп. Ако имате уредно биро и десктоп, ќе може полесно да го најдете потребниот документ и ќе бидете поефикасни.

Прават преглед на оствареното

Додека се фокусираат на тоа што следно треба да се направи, успешните луѓе прават преглед и на тоа што постигнале. Тие прават анализа на сработеното бидејќи знаат дека без учење нема напредок.

Ги утврдуваат нивните примарни цели за следниот ден

Во последните минути од работното време може да се случи умот да ви лебди, но потрудете се да останете фокусирани и не ги расејувајте вашите мисли. Успешните луѓе имаат листа на задачи за следното утро и ги идентификуваат примарните цели за наредниот ден.

Се поздравуваат и оставаат добра порака

Пред да си заминат оставаат добара порака за крајот на денот и со насмевка пријателски ги поздравуваат колегите кога си заминуваат.

Си заминуваат

Успешните луѓе го избегнуваат искушението да се задржуваат. Тие знаат колку е важна рамнотежата работа  – живот, па се обидуваат да ја напуштат канцеларијата во разумно време. Останувањето без добра причина само го ограничува нивото на енергија што ви е потребна за следниот ден.