Што прават успешните луѓе во првите три месеци на ново работно место

31

workplace-1Фото: Pexels

Сте добиле нова работа. Многу е важно уште на почетокот да им се претставите на вашите колеги и вашиот шеф во вистинско светло. Што побрзо покажете во што сте најдобри и кои се вашите вештини, толку подобро ќе се адаптирате на новото работно место. Еве неколку од нештата кои успешните луѓе ги применуваат штом си најдат нова работа.

Воспоставуваат добра комуникација со колегите

Максимално ги користат првите неколку месеци за да воспостават добра комуникација со колегите, да им покажат што знаат, а со тоа и да станат клучен дел од тимот. Не ја занемаруваат моќта на првиот впечаток.

Ја превземаат одговорноста

Секогаш кога ќе се појави некој проблем на работното место, ја превземаат одговорноста. Потоа, предлагаат можни решенија за тоа како да се надмине проблемот и ги дискутираат во рамките на тимот.

Се вмрежуваат со клиентите

Ја користат секоја прилика да се поврзат со сегашните или идните клиенти. Вмрежувањето им е топ приоритет не само во првите неколку месеци, туку и понатаму во градењето на кариерата.

Ги остваруваат предвиденте цели и повеќе од тоа

Успешно ги остваруваат зацртаните цели. Доаѓаат барем 15 минути порано на работа, максимално се вложуваат во текот на работните часови и последни ја напуштаат канцеларијата.

Се стремаат кон повеќе

Секогаш бараат нови начини како да постигнат повеќе од предвидените цели. Знаат дека првите месеци се клучни за формирање на мислење и работат токму во таа насока.