Што прават успешните штом станат рано наутро?

118

3а некои луѓе станувањето рано наутро е вистинско измачување, но многу успешни се уверени дека се нема ништо подобро од тоа да се почне денот со изгревање на сонцето.

Меѓу работите што ги прават им стануваат рутина без којашто не можат да го замислат денот, колку и да им е напорен и преполн со обврски и состаноци.

Со насмевка се заблагодаруваат што имаат уште еден ден којшто ќе го посветат на сите предизвици и можности.

Вежбаат бидејќи веруваат дека физичката активност ја подобрува циркулацијата, а со тоа и работата на мозокот, што им е неопходна “алатка“ за донесување одлуки, развивање нови производи или услуги, нови решенија, освојување нови пазари, преземање на други компании, инвестиции…

Пијат вода, чај, кафе… Хидратацијата е многу важна како наутро, така и во текот на целиот ден. Затоа, денот го почнуваат со вода, сок од цедено овошје, шолја чај или кафе за да можат да ги избистрат мислите и да го почнат денот со доволно количина течност.

Некои медитираат, други практикуваат јога, а трети го почнуваат денот со мотивациски пораки, што ќе им дадат сила за сите потешкотии во текот на работниот ден или важниот состанок.

Проверуваат електронска пошта и читаат дневни весници за да ги имаат сите информации на дофат. На тој начин, ќе знаат што се случува и ќе можат мирно да се фокусираат на обврските што ги носи денот.

Ја проверуваат to do листата и го прилагодуваат распоредот за да можат да стигнат секаде каде што имаат состанок или треба да се завршат одредени активности во или надвор од канцеларија.

Фото: Pexels