Бил Гејтс бил на својот луксузен селски имот во Калифорнија, кога јавноста дознала за неговиот развод од Мелинда Гејтс, а таму се наоѓа и понатаму, пренесуваат американските медиуми.
Двојката која заедно била во брак 27 години и имаат три деца, најави дека се разведува. Како што наведуваат медиумите, милијардерот веќе неколку месеци наназад се наоѓал во својата куќа од неколку милиони долари во Индиан Велс. Основачот на Microsoft е забележан оваа недела во луксузен голф клуб со својата 25-годишна ќерка Џенифер и нејзиниот партнер.
Гејтс оваа вила ја купил во 1999-та година за 12,5 милиони долари.
Цената на недвижнините во клубот се движат од 775.000 долари за викендичка, до над 17 милиони долари за куќи.
Фото: Facebook











