Што предизвика пад од 11% на акциите на Virgin Galactic?

73

Акциите на Virgin Galactic, на милијардерот Ричард Брансон, забележаа пад од 11% на Њујоршката берза, откако на тргувањето пред официјалното отворање на берзата имаа раст по успешниот пробен лет во вселената овој викенд.

Причина за падот е објавата дека компанијата поднела барање до американската Комисија за хартии од вредност за продажба на обични акции во износ од 500 милиони долари, за да го поддржи финансирањето на проектот поврзан со летање во вселената.

Акциите на компанијата имаа пад од 11% и достигнаа 43,56 долари, по растот од околу 7% пред отворањето на Wall Street. Тргувањето со акциите на Virgin Galactic накратко беше запрено поради изразена волатилност на цените.

Од почетокот на годината, акциите на оваа компанија пораснаа за повеќе од 80%, во очекување да воведе летови во вселената на комерцијална основа.

Иако аналитичарите од Wall Street сметаа дека првиот лет на компанијата со човечки екипаж ќе има позитивен ефект врз акции, сепак тој подвид не е доволен дел од скептичните инвеститори да го променат своето мислење, заклучува CNBC.

Фото: Facebook