Фото: Pixabay
Phishing претставува техника што ја користат сајбер криминалци кои со помош на лажни, но уверливи, електронско пораки или интернет страници, се обидуваат да најдат “жртва“ која ќе сподели вредни податоци (шифри, пин кодови, лозинки). Жртвата не е свесна дека е “уловена“ сè додека не е доцна.
Сајбер криминалците може да ја започнат својата операција со испраќање мејл што изгледа дека е испратена од адреса што е слична на официјална страница. Во мејлот најчесто може да се најде линк што води кон специјално направена страница, којашто изгледа толку уверливо што обичниот корисник скоро и не може да го разликува од лажниот.
Многу луѓе воопшто не обрнуваат внимание на адресата на сајтот во пребарувачот. Адресата содржи многу важни информации од тоа каде се наоѓа и колку е безбеден корисникот.
Кога компанијата вложува значајни средства за безбедноста на своите корисници, обично сака тоа да го потенцира. Од таа причина на видно место се ставаат жигови за доверба. Добрите и проверени интернет страници внимаваат на правописот и граматиката, што не мора да биде случај и кај лажните сајтови. Затоа, добро погледнете ја содржината и начинот на пишување на страницата.
Она што е, исто така, важно е да се разгледа и делот во којшто стојат информации на контакт. Станува збор за јавно објавена адреса, телефон, и слични информации за контакт. Рекламните банери често се појавуваат на различни интернет страници, но на лажните сајтови може да се забележат многу повеќе и многу посомнителни реклами, што може да сигнализира дека нешто не е во ред.