Што претставува поимот merchandising?

1762

polica-1

Фото: Pixabay

Поимот merchandising претставува системски процес за ефикасно и ефективно презентирање на одреден производ на местото каде што се продава. Адаптирано на наши услови, merchandising означува процес преку кој компанијата се обидува да ја подобри рентабилноста на својата малопродажна мрежа. Станува збор за користење на систематизирани техники што ќе ги минимизираат трошоците, а од друга страна ќе го зголемат обемот на продажба на одреден производ.

Merchandising или процес на унапредување на продажбата подразбира да се земат во предвид сите активности во и надвор од продажниот објект со цел да се зголеми продажбата и профитабилноста. Меѓу нив е позиционирање на производот во нафреквентниот дел од продажниот објект, бројот на полици, неговата видливост, рекламни материјали, изработка на реклама…

Унапредување на продажбата е исклучително динамична форма на маркетинг што го создава импулсот за купување и којшто влијае на изборот на одреден бренд.

Merchandising не е индивидуална одговорност на едно лице, туку координирана активност на повеќе сектори во една компанија – продажба, дистрибуција, маркетинг и службата за спроведување на merchandising.

Еден мерчендајзер или унапредувач на продажба има задача неговиот производ да заземе поголем простор на полиците во маркетот, да ги групира производите според важност во продажбата. Мора да изградат силен однос со трговците за да ги убедат да прифатат поставување на нивните рекламни материјали и производи на што е можно повидно место во маркетот, бидејќи на тој начин делуваат врз импулсивното донесување на одлука од страна на купувачот.

Користењето на merchandising во продажните активности се зајакнува во последните неколку години. Податоците покажуваат дека секоја компанија којашто го инкорпорира овој процес во своето работење, изградија посилен однос кон продажните активности, клиентите, соработниците и конкуренцијата.