Што регрутерите не сакаат да видат во вашето CV

210

Пишувањето добро CV може да изгледа како уметничка форма сама по себе. Кога го правите ова, треба да имате на ум различни работи: Не пишувајте многу зборови. Не надминувајте две страници. Не пишувајте листа на нејасни вештини без да можете да докажете дека навистина сте ги стекнале.

„Првото нешто што не сакам да го видам во CV е  блокови од текст, бескрајни редови текст кои имаат многу зборови, но не и многу содржина“ вели Нолан Черч, кој има работено во Google и моментално е извршен директор на пазарот за таленти Continuum.

Еве го неговиот совет како треба да изгледа вашето CV.

Бидете концизни

„Кога луѓето го опишуваат она што го правеле, често им е тешко да бидат концизни“, рече тој.

Под секое работно место треба да има еднолиниско објаснување за позицијата. Наместо тоа, луѓето ќе напишат „три до четири реченици“.

Во денешниот свет на постојана текстуална комуникација, кратката комуникација е клучна. Во канцеларијата, на пример, толку многу комуникација се случува преку е-пошта.

„Ако не можете накратко да го опишете она што сте го правеле во текот на вашата кариера“, смета тој, „нема шанси да можете кратко да пишувате на работното место“.

„Премногу е лесно да се користат алатки како ChatGPT“
„Премногу е лесно да се користат алатки како ChatGPT или Grammarly, поради што многу луѓе ги користат за да им помогнат не само со интерпункција, граматика, туку и со сумирање“, истакна тој.

Запомнете, додаде Черч, „мој совет би бил да го оптимизирате вашето CV за преглед од 10 секунди. Понекогаш ова е вкупното време кое претставникот за човечки ресурси ќе треба да го потроши на вашето CV. Кратките реченици ќе им дадат можност веднаш да ги добијат сите важни поени од вашата кариера.