Што сака вашиот шеф да знаете и кога не го кажува тоа

127

izvicnik-prasalnici-pixabay

Фото: Pixabay

Вашиот шеф можеби никогаш нема да ги каже овие работи, но со сигурност сака да ги знаете.

И јас грешам како и сите вие

Ве молам разберете ме исто онака како што сакате јас да ве разберам кога ќе направите грешка.

Ми треба вашето трпение

Можеби немав доволно време да се прилагодам на работното место и титулата, но јас сум целосно одговорен/на за работите за коишто сè уште учам, а понекогаш тоа се случува преку обиди и грешки.

Секогаш сум под притисок

Вие ретко гледате, но постојано сум под голем притисок. Ја ценам било која помош и трпението што го имате.

Ми треба искрена комуникација

Ако направам некоја грешка или она што го правам нема ефект, сакам лично да ми го кажете тоа. Бидете искрени во комуникацијата зошто така учиме едни од други.

Сакам дела, не само зборови и идеи

Тешко ќе ми биде да ве сфатам сериозно ако само зборувате за вашите идеи и соништа, а не правите ништо за да ги имплементирате.

 Повеќе ги вреднувам прашањата отколку одговорите

Ако нешто не знаете, слободно прашајте ме. Не ризикувајте со лоши обиди. Ја ценам љубопитноста – ако го прашате вистинското прашање, одговорот сам ќе се појави.

Треба да бидеме тим и да се поддржуваме

Титулата и позицијата не се толку важни како способностите и идеите. Верувам дека треба да сме тим и да работиме како заедница, без разлика дали сме лидери или следбеници.

Не сакам изненадувања

Ако нешто не е како што треба, кажете ми. Не сакам да ме изненадите во последен момент. Не чекајте долго за да ми ги кажете лошите вести.

Верувам дека лојалноста е двонасочна

Мојата лојалност ќе ја добијат оние кои не ми дале причина да се посомневам во нивната.