Што се финансиски деривати?

831

Дериватите претставуваат финансиски инструменти, односно хартии од вредност чија вредност произлегува од друга “примарна“ хартија од вредност. Исто како што бензинот е дериват на нафтата, така и финансиските деривати се изведени од други финансиски инструменти.

Финансиските деривати може да се користат за заштита од финансиски ризик или да се шпекулира со движењето на цените на производите, хартиите од вредност, каматните стапки и слично.

Вредноста на секој финансиски дериват индиректно е поврзана со цената на примарниот финансиски инструмент (обични или приоритетни акции, хартии од вредност со фиксен принос, залихи на производи, валути, девизи и слично).

Дериватите претставуваат своевидна потврда за осигурителна премија. Некои од нив може да се споредат со осигурување, но не може да се сведат на исто ниво. Финансиските деривати се хартии од вредност чија цел е да се ја зголемат трговијата на пазарот на хартии од вредност. Исто како што се плаќа премија на некоја осигурителна компанија за да се добие заштита од осигурениот настан, дериватите штитат од некој иден настан за што треба однапред да се плати премија.

Во групата на финансиски деривати влегуваат: опции, форварди, фјучерси, свопови и слично.

Фото: Pixabay