Работодавачите во потрагата по нови вработени сакаат да се претстават на најдобар можен начин за да го привлечат вниманието на оние кои бараат работи. За таа цел користат различни техники на пишување огласи, со одредени фрази коишто треба да го направат огласот интересен и привлечен.
Новинари на германскиот весник Der Spiegel истражувале што се крие зад најчестите фрази што се користат при пишување на огласите за работа.
Бараме флексибилни личности…
Може слободно да сметате дека компанијата е прилично неорганизирана.
Насочени кон резултати
На компанијата ѝ е потребен вработен кој е подготвен да работи прекувремено кога ќе се соочи со кратки рокови за коишто компанијата има проблем да ги дефинира во разумен временски период.
Развиваат сопствена мрежа на контакти
Компанијата со ова порачува дека не ѝ е важен работникот, туку неговиот телефонски именик.
Доверливи
Овој термин служи да се истакне како во компанијата има недоверба кон новите колеги од страна на оние кои подолго време работат.
Ви нудиме атрактивно работно место
Тоа значи дека компанијата е сместена на луксузна локација што чини прилично многу, па нема секогаш доволно за вработените.
Плата според учинок
Што сигнализира дека платата е може и пониска од вообичаеното.
Флексибилно работно време
Зад оваа фраза се крие желбата на работодавачот да ве задржи на работа подолго од она што е предвидено и за она за коешто ве плаќа.
Фото: Pexels