Што се методи на амортизација?

1246

Mетоди на амортизација претставуваат начини за пресметка на амортизација на постојан имот (материјален и нематеријален).

Тие можат да се поделат на две основни групи: Временски методи на амортизација и Функционални методи на амортизација.

Во рамките на временските методи најчесто се користат:

  • Линеарна метода;
  • Дегресивна метода;
  • Прогресивна метода.

Линеарна (пропорционална) метода на амортизација претпоставува дека постојаниот имот во текот на време рамномерно се троши, со што тајквиот трошок на амортизација се распоредува на подеднакви годишни износи. Годишните износина амортизација се добива со делење на набавната вредност на постојаните средства (имот) со годишната стапка на амортизација (годишната стапка на амортизација е сооднос од бројот 100 со проценетиот број на години на употреба на постојаниот имот- средство).

Дегресивна метода на амортизација претпоставува дека постојаниот имот најмногу се троши во првите години од употребата, поради тоа според овој метод и трошокот на амортизација во првите години е највисок. Дегресивна метода на амортизација се користи на два начини:

1. Со примена на фиксна амортизациона стапка на книговодствената вредност на постојаниот имот која од година во година е се помала (метод на опаѓачка основица);
2. Со примена на различни опаѓачки амортизациони стапки на фиксна основица, т.е. набавна вредност на постојаниот имот (метод на збир на години или дигитална метода).

Прогресивна метода на амортизација претпоставува дека постојаниот имот во првите години на користење троши најмалку поради што во првите години од употребата на постојаниот имот и износот на амротизација во првите години е најмал.

За разлика од временските методи функциоиналната метода се базира врз степенот на користење на постојаниот имот. Таа може да се примени тогаш кога трошењето на имотот може да се искаже во натурални единици (часови на работа на машината, поминати километри, произведена количина и сл.). Од тие причини оваа метода се нарекува уште и метод на амортизација според учинокот. Кај неа годишната амортизација се пресметува така што набавната вредност се става во однос со проценетиот годишен учинок изразен во натурални единици.