Што сè поскапе во јуни?

39

Трошоците на животот во јуни оваа година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,5%, а кај цените на мало има пораст од 0,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Пораст на индексите на трошоците на животот во јуни 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 15,7%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,8%, маслото и маснотиите, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0,7%, рибата и морските плодови за 0,6%, месото, млекото, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0,3%, виното, пивото за 0,2%.

Во јуни, исто така, пораст на трошоците на животот, е забележан и кај  воздухопловниот патнички транспорт за 27,8%, услугите за сместување за 4,6%, медиумите за снимање за 4,4%, другите печатени материјали за 2,5%, течните горива за домаќинствата за 2,1%, книгите за 1,7%, терапевтските помагала и опремата за 1,1%, ткаенините за изработка на облека, големите алатки и опрема, рестораните, кафулињата и слично, другите апарати и производи за лична хигиена  за 0,6%, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 0,5%, другите услуги поврзани со живеалиштето, неспоменати на друго место за 0,4%, горивата и мазивата за сопствените превозни средства, другите услуги за опремата за сопствен превоз, информатичката опрема за обработка на податоците за 0,3%, обувките, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, туристичките аранжмани за 0,2%.

Намалување на индексите на трошоците на животот во јуни 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 10,5%, јајцата за 0,7% и оризот за 0,2%.

Исто така, намалување на трошоците на животот е забележано и кај собирањето на отпадните води за 3,7%, гасот за домаќинствата за 2,6%, електричните апарати за лична хигиена за 1,4%, малите апарати за домаќинствата за 1,2%, градините, растенијата и цвеќињата за 0,8%, домашните миленици и сродните производи за 0,4%, големите апарати за домаќинствата, моторните возила за 0,2%.

Трошоците на животот во јуни 2021 година, во однос на јуни 2020 година, бележат зголемување од 2,7%, а кај цените на мало има пораст од 4%.

Фото: Pexels