Што сè прави светот на интернет во една минута во време на пандемија

40

Веќе добро знаеме што сè се случува во само една минута на интернет на глобално ниво. Но, целиот процес дополнително се забрза и бројките нагло пораснаа во услови на пандемија, кога многу луѓе останаа дома, па единствениот “прозорец“ кон светот им беше уредот што има пристап до интернет.

Според податоците на Visual Capitalist, секоја минута се трошат по 3.805 долари на симнување мобилни апликации, се вршат плаќања во вредност од еден милион долари, а доставувачите на храна, како што е Doordash, за една минута добива 555 онлајн нарачки.

Во истата таа минута, на платформата Zoom 208.333 лица имаат онлајн состанок со своите колеги, соработници, претпоставени, бизнис партнери…, на Netflix во една минута има 404.444 часа видео стриминг, а за тоа време на Instragram се објавуваат 347.222 stories, на YouTube се симнуваат 500 часови видеа, а во истата минута на Facebook се објавуваат 147.000 фотографии.

Додека часовникот одбројува 60 секунди, на различни места на земјината топка 1.388.889 луѓе права видео разговори, а преку платформата Microsoft team се поврзани 52.083 лица.

Дека онлајн трговијата бум во услови на пандемија, сведочи и фактот дека за една минута Amazon испраќа 6.659 пратки до своите корисници, а на Instagram се регистрираат 138.889 кликнувања на реклами поставени од бизнис корисници.

Преку професионалната социјална мрежа LinkedIn, во една минута, дури 69.444 луѓе аплицираат за својата работа.

Фото: Pexels