Што се случува откако Tesla драматично ги намали цените

106

Американскиот производител на електрични автомобили Тесла неодамна најави големи попусти на своите автомобили.

Очигледно, целта сега е да се зголеми обемот на продажба без оглед на гневот на клиентите кои ги купиле автомобилите пред попустот – по повисока цена.

Electrekсега објави дека побарувачката за автомобили Тесла во САД „експлодирала“ по падот на цената. Наводно, Tesla бележи рекордна продажба, а магацините на произведени автомобили забрзано се празни.

Исто така, се наведува дека идното производство е распродадено со месеци однапред.

Tesla ги намали цените на сите возила во својата гама. Најголемиот попуст е за Model Y, од почетна цена од 65.990 долари до само 52.990 долари.