Што треба да направите на последниот ден на работа

404

Порано или подоцна доаѓа и тоа – последен ден на работа. За сè да помине во најдобар ред погрижете се да го направите следново:

Пренесете го знаењето

Она што сте го научиле “предадете го“ на тој/таа кои доаѓаат на ваше место (доколку се најдете во таква ситуација). Исто така, доколку сте имале некаков пристап до одредена документанција и слично пренесето го на оние кои ќе треба да ги преземат работите во свои раце откако ќе заминете.

Расчистете

Работното биро/просторија и сè што ви припаѓало вам, треба да биде во најдобар ред. Во ниеден случај не треба да оставите ништо валкано и несредено, некој друг ќе почне да работи таму во најбрзо време.

Разменете податоци

Можеби веќе си имате разменето телефони и мејлови со колегите, а доколку немате обидете се тоа да го направите. Истото може да го направите со социјалните мрежи, со цел да ги задржите контактите што ги направивте. Никогаш не се знае кога ќе треба некој да побарате.

Предадете ги документите

Доколку останало нешто незавршено дајте до знаење на претпоставените и во најкус можен рок предадете ги документите. Информирајте ги и останатите во тимот ако нешто треба итно да се направи.

Соодветно збогување

Не заминувајте без соодветно да се збогувате со сите, без разлика какви ви биле односите. Посакајте им среќа во работата, заблагодарете се на помошта што сте ја добиле и извинете се доколку некому сте згрешиле. На тој начин ќе бидете запаметени како колега/колешка “на место“.

Фото: Pixabay