Фото: Pexels
Одбирањето на вистинската боја за вашиот бренд и не е така лесна задача. Не само што треба да ја пронајдете нијансата што ви одговара, туку треба да размислите која боја е најприкладна за вашата целна група клиенти и дали истата ќе ве одвои од конкуренцијата.
Земете ги предвид купувачите
Ако вашиот производ или услуга е наменет за постари лица, тогаш светли нијанси и силни бои не се добар избор. Но, ако целни клиенти ви се тинејџери и млади луѓе, имате можност да си играте со повеќе живи бои. Има компании за коишто не е важна возраста и таргетираат од најмлади до најстари, па најдобар избор тука би биле неутралните и безбедните нијанси – како на пример сината.
Културен контекст
Не треба да се заборават и културните разлики. Ако планирате вашиот производ или услуга да го извезувате во друга земја, испитајте дали одредената боја има негативен контекст во државата што сте ја одбрале. Сигурно не сакате заради лошиот избор на боја луѓето да не бидат во можност да соработуваат со вас.
Не бидете различни само за да бидете различни
Речиси секоја голема ИТ компанија има сино лого, но сепак не ги мешаме Twitter и Skype. Не одбирајте боја само за да се истакнете ако истата не одговара со тоа што го нудите. Нормално е да сакате да биде различни од конкуренцијата, но постојат и други начини да го постигнете тоа. Направете го тоа што е најдобро за вашиот бренд, производ и купувачите пред да одберете да бидете различни.
Бидете храбри
Слободно размислувајте во насока да излезете од рамките на конвенционалното. Можеби нема секогаш да го направите вистинскиот избор, но промените се добри и знаат да донесат пријатни изненадувања. Постојат моменти кога треба да играте со познати карти, но има и такви ситуации кога треба да покажете смелост. Ќе треба само да го пронајдете она ниво на комфорт што нема да ви предизвика непријатност.
Разгледувајте цела палета, не само една боја
Не значи дека ако сте ја одбрале примарната боја за вашиот бренд дека сте завршиле со задачата. Следно што треба да направите е да изберете дополнителна боја што ќе се користи за низа други дополнителни елементи и сегменти што го чинат вашиот производ комплетен. Не секој бренд бара проширена палета на бои, но некои во голема мера се потпираат на нив.