Што треба да знаете кога одбирате име за вашиот бизнис?

26

thinkingФото: Pexels

Имате намера да започнете свој бизнис. Но, се соочувате со еден проблем. Сè уште не сте одредиле кое име ќе му го дадете. Името на бизнисот е едно од најважните нешта што може да ви помогнат да ја промовирате компанијата и да се истакнете меѓу своите конкуренти. Доколку не сте одлучиле следниве неколку трикови ќе ви помогнат.

Примамливо за ушите

Името треба да звучи добро кога го кажувате на глас. Замислете си како ќе делува кога ќе се врти реклама за вашиот бизнис на радио или телевизија, или ќе се спомнува во обичен разговор.

Име со приказна

Секој сака да слуша интересна приказна. Затоа искористете име кое има некое значење за вас или креирајте приказна од него.

Кратко и јасно

Потрошувачите и клиентите не трошат енергија за да запомнат тешки и сложени имиња. Секогаш водете се од идејата името да биде разбирливо, кратко и да пренесува порака.

Избегнувајте иницијали

Внимателно доколку одлучите да користите иницијали. Овој начин на именување најчесто е користен од старите бизниси што со децении се на пазарот.

Тестирајте го

Вашите пријатели, познаници, членови од семејството, сите можат да ви помогнат околу изборот. Можеби некој од нив ќе има подобра идеја што веднаш ќе се вклопи во вашата првична замисла.