Што треба да знаете пред да започнете семеен бизнис

254

biznis

Фото: Pixabay

Семејниот бизнис има свои добри и лоши страни. За почеток, личните односи се понекогаш голем предизвик за градење на деловна врска, како и за донесување на големи одлуки. Затоа, пред да се одлучите на тој чекор добро да ги знаете следниве четири работи.

Бенефитите се огромни

Причините зошто луѓето се одлучуваат за семеен бизнис се очигледни. Работите за себе, самите си го одредувате работното време, создавате работна средина според вашите желби, градите наследство за следните поколенија и уште повеќе се зближувате како семејство. Сите работите за иста цел, поминувате многу време заедно, што не би било случај доколку работите за различен газда.

Многу бизниси и не успеваат… од две причини

Процентот на семејни бизниси што не успеваат кога ќе се предадат на втората генерација е поголем од 60%. Процентот се зголемува со третата генерација, а причината за тоа се најчесто структурните конфликти и даноците коишто не можат да се исплатат.

Конфликтите, исто така, можат да произлезат од несогласноста за тоа што да се направи со бизнисот откако сопственикот ќе го нема. Одредени членови од фамилијата се обидуваат само да извлечат пари, а некои сакаат и понатаму да инвестираат во бизнисот. Затоа е многу важно да знаете во што се впуштате и да ги имате во предвид потенцијалните проблеми.

Направете план пред да ви затреба

Треба да имате добро подготвен план што ќе ги земе во предвид сите околности што можат да му наштетат на семејниот бизнис и да имате добро обработен одговор на прашањата од типот – Колку ќе изнесуваат поединечните примања? Кој ќе го наследи бизнисот? и слично.

Секој треба да си ја знае определената функција, задачите и обврските и сето тоа треба предвреме да биде документирано. Во спротивно, емоциите ќе ве совладаат и ќе треба да донесувате брзи и неиспланирани одлуки што можат да наштетат на компанијата.

Кога не сте сигурни барајте совет од експерти

Дури и кога се чувствувате сигурни за вашиот бизнис план, не би било лошо да се консултирате со стручно лице што не е од фамилијата – некој кој ќе може да направи објективна проценка. Штом ќе одлучите да започнете семеен бизнис, побарајте совет од финансиски советник, сметководител, консултант и адвокат. Тимот од експерти ќе ви помогне да ги одбегнете конфликтите и проблемите што би се појавиле доколку се обидете истите да ги решите сами или во кругот на семејството.