Што треба да знаете за плакарските шибер врати

1790
Picture 170

Во последните неколку години, барањето за складирање во просечниот дом се искачи дури и до 100%, додека просторот во домот значително се намали. Оваа промена има драматичен ефект врз начинот на кој го дизајнираме нашиот дом. Оттаму, внимателно се разгледуваат решенија за искористување на простори кои претходно биле занемарувани, како вдлабнатини во ѕидовите, просторот под скалите, накосено поткровје и друго.

1

Плакарите со шибер врати се пронајдок што го револуционизира начинот на кој складираме, но и поради други придобивки како заштедата во простор. Овие плакари со шибер врати, како и традиционалните плакари можат да складираат облека, накит, чевли и торби.

Кај овие плакари и големината може да варира, од мали плакари за исполнување на помал простор, до големи за соби со поголеми барања за складирање.

Плакари со шибер врати – направете го вистинскиот избор

Доколку размислувате за плакар со шибер врати, сигурно имате добри причини за таквата одлука. Најочигледната причина е заштедата на просторот што традиционалните плакари го заземаат кога ќе се отворат вратите. Но, постојат и други причини за да се одлучите за плакар со шибер врати. Како за пример, на собата и даваат побогат и пософистициран изглед.

Генерално, постојат два типа на шибер врати за плакари, врати со алуминиумски профили кои дозволуваат уникатни нацрти на врати и комбинирање на разни декори на исполни од иверка, медијапан, стакло или плексиглас, огледало и друго, со цел да го постигнете саканиот изглед и амбиент.

2
Шибер врати со алуминиумски профили
3
Шибер врати без алуминиумски профили

Но, пред да се избрзате во купување на систем за шибер врати достапни на нашиот пазар, најнапред проверете ги следниве точки да се уверите во добрата работа и издржливоста на вашиот нов плакар:

Избор на шибер систем

Веќе спомнавме дека, генерално, постојат два типа на шибер врати, со и без алуминиумски профили, но во Македонија постојат компании кои нудат системи од повеќе производители, па и цената кај сите е различна, од поекономични со тенки алуминиумски профили и мала носивост, па сè до поексклузивни со дебели профили, дизајн и носивост до 60 килограми по врата и сето ова надополнето со можност за вградување механизам за меко затворање со што би се избегнало трескање на елементите и долготрајност на плакарот и вратите.

Неколку години наназад се појавија шибер системи кои вратите ги придвижуваат на горната шина. Некои ќе кажат дека со вградување на ваков шибер систем се избегнува извиткување на високите врати. Овој податок е точен, но само кај шибер системите со цели врати (без поделоци), извиткување на вратите секогаш се јавува доколку панелот кој се користи како врата има тенка дебелина и не е компактен, т.е. нема цврстина. Но, денес и потенкиот панел може да се искористи со тоа што извиткувањето може да се спречи со поставување на специјални профили кои ја држат вратата исправена, истовремено имаат и можност за нивно подесување, т.е. да го коригираат извиткувањето нанапред или наназад.

4

Кај вратите со алуминиумски рамки состојбата е друга. Тука може да употребите панел со било која дебелина (8, 10, 16, 18 мм) без да се плашите дека ќе се извиткаат, бидејќи цврстината ја добиваат од самата алуминиумска рамка. Затоа можеме слободно да кажеме дека дебело-ѕидните алуминиумски профили имаа поголема цврстина и стабилност и се најдобриот избор за шибер врати, но и двојно поскапи од тенко-ѕидните. Кај овие типови на шибер системи тркалцата се движат по долната шина, што значи дека тие го носат товарот на вратата. Доколку сакаме да траат долго време, потребно е да се внимава на следново – вкупната тежина на вратата во сооднос на тестираната носивост на тркалцата. На пример, да поставите 30 кг врата на тркалца кои носат 15 кг и не е баш одлично решение. Понекогаш човек може да се залаже по ниската цена на севкупниот систем, за потоа дополнително да вложува во замена на нови тркалца. Потребно е само да го прашате презентерот за техничките податоци за да знаете како да продолжите понатаму. Се надеваме дека вашиот избор ќе го направите во сигурна компанија, која долго време е присутна на пазарот и ќе знае темелно да одговори на вашите прашања.

Совет за искористување на просторот

Плакарите со лизгачки врати не се наменети само во спалните соби. Многу се корисни кога ќе се приспособат да се вградат под скалите или поткровјето, а во тренд од минатата година и во кујните. На саемите можевме да забележиме кујни затворени со некаков тип на шибер систем или специфичен механизам. Неискористливите зони најефикасно можат да се искористат со по мерка изработени плакари.

6

Најефикасен начин да се пополни просторот за складирање

Ефикасен начин да се пополни просторот за складирање во поставување на корпи кои се извлекуваат, фиоки или лифт механизми со кои ќе ги искористите високите делови во плакарот.

7
Дизајнерски плакарски механизми од Сервето

Вашиот буџет е ограничен?

Може да го приспособите вашиот традиционален плакар со вградување само на шибер вратите, додека останатиот дел од плакарот може да остане истиот. Доволно е само да најдете некој изведувач со искуство кој ќе ја направи потребното приспособување и совет околу типот на шибер системот.

Нека започне потрагата по вашиот шибер систем

Откако ќе ги договорите деталите за вашиот плакар со шибер врати, потребно е да ја започнете потрагата да го најдете вистинскиот тип на шибер систем.

Запомнете, голема е понудата на шибер системи на нашиот пазар, но сепак, најголемата разлика меѓу нив, малку иронично, не е во нивните технички својства, туку во темелните информации и советот на презентерот кој ќе се погрижи поблиску да ве запознае со нив.

vasa-vizija-footer-580