Што треба да знаете за продажбата

127

За успешно да го продадете својот производ треба да ги имате потребните вештини и да знаете како еден просечен купувач би реагирал во дадениот момент.

Но, добро е да се знаат и некои интересни и едукативни податоци, коишто можеби ќе ви дадат насока како да ја изведете вашата следна продажба.

Само 2% од продажбите се случуваат кога двете страни ќе се сретнат за прв пат.

По одржана продажна презентација 63% од присутните ги запаметуваат раскажаните “приказни“. Само 5% ја помнат статистиката и бројките.

Дури 70% од луѓето купуваат за да решат некој проблем, 30% донесуваат вакви одлуки за да добијат нешто.

Продажните агенти активно трошат само 33% од предвиденото време за продажба.

Дури 91% од купувачите би дале препораки.

Купувач кој дошол по нечија препорака ќе потроши 13,2% повеќе од оној кој не добил препораки за производот или услугата.

Фото: Pixabay