Што требаше да им објасни Маск на директорите од Фолксваген

179

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, одговори на повикот на извршниот директор на германскиот производител на автомобили Фолксваген, Херберт Дис, да им се обрати на менаџерите во оваа компанија, се со цел да поттикне побрза транзиција кон електрични возила.

Фабриката за автомобили на Тесла неодамна беше завршена во Германија, што ја прави оваа компанија, предводена од Илон Маск, директна конкуренција на другите производители на автомобили.

Ова не го спречи директорот на Тесла да им се обрати на челниците на конкурентската автомобилска компанија, и ја искористи можноста да го пофали Фолксваген токму затоа што е негов најголем конкурент, но и “икона“.

Зошто Тесла е поуспешен од неговиот ривал?

На прашањето на Дис зошто Тесла е  поуспешна од своите ривали, Маск рече дека тоа е последица на неговиот стил на управување, и дека тој е првенствено инженер и има око за снабдување, логистика и производство.

Во објава на LinkedIn, Дис додаде дека го донел Маск како “изненадувачки гостин“, за да покаже дека на Фолксваген му треба побрзо одлучување и многу помалку бирократија за да направи историска трансформација.

„Мило ми е што слушам дека дури и нашиот најсилен конкурент мисли дека ќе успееме во транзицијата“, рече Дис.

Како пример за знаењето и вештините на Тесла, Дис изјави дека на ривалот му биле потребни само две до три недели за да го преработи софтверот за да овозможи премин од еден тип микрочип, кој повеќе не бил на залиха, на друг.

По повод отворањето на Тесла во Германија, Дис претходно изјави дека тоа ќе ја натера локалната индустрија да го зајакне својот бизнис.

Тесла го најави претстојното отворање на фабрика вредна речиси 7 милијарди долари, и ги покани работниците од Словенија да работат во оваа фабрика.