Честопати го сретнуваме зборот целна група на купувачи, но дали знаеме што точно значи. Имаме “цел“ како збор од една страна и “купувачи“ од друга. Вашите “целни купувачи“ се токму оние кои би го купиле производот или услугата од вас.
Многу бизниси грешат кога мислат дека тоа што го продаваат е наменето за сите. Сепак, она што е важно е да се одолее на таа желбата понудата да биде генерална, општа.
Целниот маркетинг има свои предности наспрема масовниот маркетинг. На пример, компанијата може да понуди производи и услуги адекватни на барањата на клиентите по соодветни цени.
Со овој маркетинг подобро да се одбираат соодветните канали на дистрибуција и комуникација и компанијата има и подобра претстава за конкуренцијата.
Целната група на купувачи треба да биде однапред дефинирана, од причина што според него и ќе се финализира производот или услугата. На тој начин правилно ќе ја насочите и маркетинг стратегијата и ќе имате поголем успех на пазарот.
Фото: Pixabay