Што значи дисконтирање?

1708

Фото: Pexels

Дисконтирање подразбира одземање на износот на каматата кај исплати чиј рок не е завршен, а означува и дисконтна стапка којашто се користи при дисконтирање. Станува збор за сведување на идниот паричен износ на актуелната вредност.

Во случај на дисконтирање, се пресметува и дисконтна стапка. Таа уште се нарекува есконтна стапка. По неа, централната банка ги одобрува кредитите на банките. Во т.н. дисконтна техника, таа е стапка што се користи за дисконтирање на идните парични текови.

На пример при купување на меница на база на дисконтна стапка и број на денови до нејзиното уновчување, се одзема дисконтот од нејзиниот номинален износ и се добива реалната вредност. Покрај дисконтот, често се пресметува и дисконтна провизија, месечна или дневна.

Постојат три методи на дисконтирање и тоа комерцијална метода, рационална метода и пресметка со инверзна конформна стапка. Првите две методи се користат доколку пресметката е едноставна, а третата во посложен случај.