Што значи фидуција?

686

Фото: Pixabay

Под фидуција се подразбира договор во којшто едната страна го пренесува правото на друго лице и постигнуваат согласност исполнетата обврска во целост да се пренесе на првото лице.

Фидуцијата уште е позната и како инструмент што се користи при осигурување, сличен на хипотека, при што кај фидуцијата банката го презема сопствеништвото над предметот што се кредитира. Во таква состојба тој останува се додека не се постигне посакуваната цел, што во најголем број ситуации подразбира отплата на кредитот од страна на неговиот корисник.

Во случај на хипотека, корисникот на кредитот го задржува правото на сопствеништво над имотот дури банката не ја активира хипотеката.