Што значи портфолио?

3854

Фото: Pixabay

Големиот и широк обем на значење на зборот портфолио, често може да доведе до забуна, па затоа првенствено треба да се знае општото толкување односно дефиниција на зборот а таа гласи Портфолио е збир на сите репрезентативни и најдобри квалификации кои се однесуваат на поединец, здружение, претрпијатие или компанија.

Поимот портфолио се почесто може да се слушне во секојдневната комуникација, а неизбежен е кога станува збор за бизнис или политика.

Портфолио често се дефинира како збир на сите финансиски средства коишто ги поседува некој поединец или претпријатие. Може да се состои од пари или хартии од вредност. Порфолиото најчесто ги отсликува финансиските потреби и одговара на важечките, но и на идните посакувани финансиски текови.

Портфолиото има широка употреба, речиси како термин е застапен во сите научни дисциплини. Според одредени статистики, најчесто применувани и користени се деловно портфолио и портфолио во педагогија.

Деловно портфолио е портфолио на одредена компанија и претставува збир од нејзините деловни работи, планови и производи.

Портфолио во педагогијата се дефинира како начин на снимање, организирање и проценка на индивидуалните постигнувања на еден ученик во одреден период од образованието. Со други зборови, портфолиото е показател на способностите на конкретна особа.