Бор од Кавадарци, подружницата на Македонски шуми, од утре ќе започне да издава дозволи за собирање шумски плодови.
“Тоа е во согласност со добиениот допис решение од дирекцијата на Македонски шуми, Сектор за користење на други шумски производи. Од почетокот на наредниот месец сите кои сакаат можат слободно да собираат боровинки, смрекинки, мечкино грозје, диви јаболки и други шумски производи. Но, мораат претходно да добијат дозвола за тоа од нашата подружница. Таа чини 400 денари од човек. За да се добие една таква дозвола, мора да се приложи лична карта”, појасни Петко Ристовски, шеф на службата за заштита на шумите во Бор.
Собирачите на шумски плодови може да ја користи дозволата до крајот на годината, а истата важи за сите региони во државата.
Оние кои ќе сакаат да откупуваат шумски плодови мораат да се јават во дирекцијата на Македонски шуми во Скопје каде што отакко ќе склучат договор и ќе се верификуваат како откупни центри, ќе можат да вршат откуп на шумски плодови.