Фото: Pixabay
Швајцарската компанија Fusion Fund I AG ќе копа злато и други племенити метали во рудникот Брсково кај Мојковци, Црна Гора, објави Portal Analitika.me. Рудникот е потенцијален извор и на олово, цинк и бакар, а Швајцарците имаат децениско искуство во истражување на племенити метали. Утврдено е дека Брсково има потенцијал за ископ на околу 1,5 милиони тони руда со различна содржина.
Компанијата има почетен капитал од 1 милиони евра и планира да го реактивира рудникот по сите еко-стандарди и да го врати на мапата на еден од најпотенцијалните рудници во Европа.
Првата експлоатација на рудникот била во далечната 1253-та година.
Швајцарците ја презедоа работата, односно проектот Брсково од австралиска компанија, којашто во изминативе години требаше, но не ги исполни планираното.