Швајцарија ги укина речиси сите ковид мерки

Швајцарија ќе ги укине речиси сите рестриктивни мерки воведени поради коронавирусот, освен носењето заштитни маски во јавниот транспорт и здравствените установи, соопштија швајцарските власти.

До крајот на март, мерката задолжителна изолација ќе остане на сила во период од пет дена за лицата кои се позитивни на корона вирусот, соопшти Владата.

Укинувањето на мерките ќе стапи на сила денеска, а влезот во продавниците, рестораните и установите од културно значење ќе биде отворен за граѓаните, без ограничувања, соопшти владата, пренесува Ројтерс.

„Епидемиолошката состојба продолжува да се развива во позитивна насока. „Благодарение на високото ниво на имунитет кај населението, малку е веројатно дека здравствениот систем ќе биде преоптоварен, и покрај сѐ уште високото ниво на циркулација на вируси“, се вели во соопштението на владата.

Повеќето од швајцарските граѓани, стекнале имунитет од коронавирусот, бидејќи или се опоравиле или биле вакцинирани против оваа инфекција, рекоа официјални лица.