Швајцарија се приклучи кон санкциите кон Русија со што ја прекина својата вековна неутралност.
Во соопштение швајцарскиот федерален совет наведе дека ги усвојува санкциите на ЕУ против Русија, кои ќе стапат на сила веднаш.
Пакетот санкции се насочени кон различни руски компании и поединци, а меѓу другото вклучува и замрзнување на личните средства на рускиот претседател Владимир Путин, премиерот Михаил Мишустин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.
Федералниот совет наведува дека и Швајцарија ќе го затвори небото за сите летови од Русија, „како и секое движење на авиони со руски ознаки“, ќе им забрани на луѓе блиски до Путин да влезат во Швајцарија и ќе испрати помош во Полска за украинските бегалци.
„Швајцарија ве уверува во нејзината солидарност со Украина и нејзиниот народ“; се наведува во соопштението, пренесува Business Insider.
Швајцарија им забрани влез во земјата на пет олигарси блиски до рускиот претседател Владимир Путин, изјави министерката за правда Карин Келер-Сатер на прес-конференција откако неутралната Швајцарија ги усвои санкциите на ЕУ за Русија.











