Швајцарија ја прошири забраната за трансакции на филијалата на руската Сбербанк

53

Швајцарската агенција за надзор на финансискиот пазар FINMA денеска ја продолжи забраната за швајцарската филијала на руската Сбербанк да врши плаќања и трансакции до август, а ги продолжи и другите мерки наменети за заштита на доверителите.

„Мерките ќе останат во сила до 2 август 2022 година, поради построгите меѓународни санкции и континуираните ризици во однос на состојбата со ликвидноста на банката“, објави FINMA, пренесe Ројтерс.

FINMA  воведе мерки во швајцарската филијала на Сбербанк на 4 март по рускиот напад врз Украина, што доведе до воведување на бројни западни санкции против Москва.