
Швајцарската национална банка (SNB) денес објави дванаесет предлози за дизајн на нови банкноти под темата „Швајцарија и нејзините височини“ и започна јавна дебата за граѓаните да можат да ги оценат.
Анкетата ќе трае од 13 август до 7 септември, а сите заинтересирани страни можат да пристапат до предлозите и да го изразат своето мислење преку официјалната веб-страница www.newbanknoteseries.ch.
Покрај јавноста, предлозите ќе бидат оценети од советодавен одбор составен од експерти од различни области, вклучувајќи филозофија, култура, графички дизајн и печат.











