Швајцарија потроши рекордни 90 милијарди франци за слабеење на домашната валута

126

Швајцарската централна банка (Swiss National Bank – SNB) во првите шест месеци од годинава потрошила рекордни 90 милијарди франци (83,3 милијарди евра) за интервенции на берзите, со цел да го забави јакнењето на домашната валута во време на пандемијата на Ковид-19, покажуваат податоците на Банката.

Износот ги надминува и вкупните интервенции на SNB на девизните пазари во претходните три години.

Франкот обично зајакнува во време на кризи, бидејќи голем број инвеститори го сметаат за безбедна валута, во која често го насочуваат капиталот во вакви неизвесни периоди.

Меѓутоа, силниот франк е опасен за швајцарскиот извоз и туризам, како и за растот на економијата, бидејќи поради него швајцарските производи и услуги поскапуваат во странство.

Фото: Pixabay