
Швајцарскиот федерален совет (влада) одлучи да се придружи на дополнителните мерки од 18-тиот пакет санкции на ЕУ против Русија и Белорусија, објави владата на својата веб-страница.
Новите мерки се фокусираат на трговијата со стоки и финансискиот и енергетскиот сектор и ќе стапат на сила на 30 октомври, се вели во соопштението на швајцарската влада.
Швајцарската влада одлучи да ги заостри ограничувањата за извоз на стоки што „би можеле да ја зајакнат руската индустрија“.











