Швајцарија се противи на заплена на замрзнати руски средства

87

Плановите на Украина да заплени дури 500 милијарди долари замрзнати руски средства за да го финансира закрепнувањето на земјата наиде на цврст отпор од Швајцарија, која е домаќин на меѓународната дводневна конференција за закрепнувањето на Украина, пишува Гардијан.

Швајцарскиот претседател Игнасио Касис се откажа од овој план, велејќи дека заштитата на имотните права е основа на либералната демократија, пишува британскиот весник.

На прес-конференцијата, швајцарскиот претседател ја подвлече сериозната загриженост на некои лидери дека предложената конфискација на руски имот претставува опасен преседан и бара посебно правно оправдување.