Швајцарија: Стоп за даночните олеснувања за странци?

35

Швајцарската влада соопшти дека ќе се одржи национален референдум за контроверзното прашање – даночни олеснувања што ги имаат странците во оваа земја.

Противниците на специјалните даночни олеснувања собраа преку 100.000 потписи потребни за организирање референдум по тоа прашање на национално ниво.

Иницијативата “Стоп за фискалните привилегии за милионери” доби поддршка од алтернативната левичарска партија, а референдумот по тоа прашање веројатно ќе биде одржан во следните две години, изјави портпаролката на швајцарската влада.

Ако референдумот биде успешен, тоа ќе влијае на околу 5.000 странци кои сега на државата и плаќаат скоро 700 милиони швајцарски франци (581,1 милиони евра), според владините податоци од 2010 година.